Новиот предлог закон за опојни дроги треба да го прецизира прашањето за декриминализацијата на канабисот

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес конференција даде поајснување за последната одлука на владината седница за Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Loading...

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели веќе почна, но сега со предлог-законското решение попрецизно се регулира овој извоз и се воведува нова давачка од дополнителни 10 проценти од приходот на компаниите за производство на медицински канабис, пари кои ќе одат во специјален фонд. Целта е граѓаните да видат јавно добро. Затоа ќе биде поддржан фондот за ретки болести, фондот за медиуми за продукција на содржини од јавен интерес, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор. Од специјалниот фонд ќе биде поддржана и работата на новопредвидената Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели.

Одговарајќи на новинарско прашање портпаролот Арсовски посочи дека овој предлог-закон се носи со европско знаменце бидејќи во текстот се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот парламент и Европскиот совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции на ОН што го уредуваат ова прашање.

Одговарајќи на новинарско прашање за декриминализацијата на канабисот за лична употреба, Арсовски посочи дека со новите законски решенија ќе се допрецизираат овие прашања.

Leave a Reply