Новиот гаф на Бајден го запали интернетот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во неделата, среде неговата „чудна“ презентација за „Третиот свет“ и неговиот разговор со кинескиот премиер Ли Чанг.

Loading...

Бајден одговараше на голем број прашања за време на посетата на виетнамскиот главен град Ханој, пред да им каже на новинарите дека „оди во кревет“.

Потоа, сепак, продолжи да одговара на дополнителни прашања, вклучувајќи ги и оние за разговорот што го имаше со кинескиот премиер на самитот на Г-20 во Индија.

– Воопшто не беше конфронтација. Зборувавме да се осигураме дека третиот свет… хм, хм, јужната хемисфера има пристап до промени… – рече Бајден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја воведе нови санкции за Северна Кореја

Потоа продолжи да мрмори, но портпаролката на Белата куќа објави дека „со ова завршува прес-конференцијата“.

Откако се обиде да одговори на уште едно прашање, Бајден се сврте и излезе од сцената.

Прес-конференциите на Бајден обично ги водат неговите помошници, а претседателот одлучува кој новинар ќе го постави прашањето.

Меѓутоа, американскиот претседател повремено ја напушта сцената на средина на реченицата, често видно збунет и со помош на неговиот персонал.

Loading...

Според неодамнешната анкета на Волстрит журнал, 73 отсто од испитаниците веруваат дека 80-годишниот Бајден е премногу стар за да биде претседател, додека 60 отсто сметаат дека нема ментален капацитет за таа позиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венецуела мораше да ангажира 11.000 војници за да ослободи затвор од криминалци

И додека републиканците капитализираат од когнитивниот (и физичкиот) пад на Бајден, демократите се повеќе се загрижени за здравјето на претседателот.

Патувањето на Бајден во Виетнам претставува обид на САД да ги зајакнат врските со повеќе азиски земји во обид да се спротивстават на кинеското влијание во регионот.