Новиот Ајфон 13 може да стопира и куршуми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Производителот на луксузни телефони повторно го создаде Ајфон 13 со неколку интересни карактеристики.

Loading...

Пред повеќе од една година рускиот производител Caviar ги претстави модифицираните верзии на телефонот од серијата Ајфон  12, кои ги отстранија сите камери, а се наменети за корисниците кои се загрижени за безбедноста.

Сега брендот, познат по производството на луксузни телефони, ја има верзијата 2.0 од овие телефони. Новина е додавањето на оклоп отпорен на куршуми (BR-2 класа 2), кој е создаден од брендот NPO TCIT, специјализиран за оклопни возила и борбени хеликоптери.

 

 

Моделите Stealth 2.0 Ајфон  13 Про /Про макс се промовираат како толку моќни што можат да издржат куршум од пиштол, по што остануваат функционални.

Caviar исто така има верзија на телефонот, создадена од титаниум со голем удар, кој исто така може да „преживее“ куршум од пиштол и ги има сите четири сензорски камери непроменети.

Loading...

Ќе бидат произведени само 99 телефони Stealth 2.0 Ајфон  13 Про /Про Макс. Заинтересираните ќе можат да изберат помеѓу моделот Ајфон  13 Про или Про Макс со 128GB или до 1TB простор за складирање податоци.

Најевтината верзија на овој телефон е по цена од 6.370 долари, додека најлуксузниот 13 Про Макс со 1 TB простор чини 7.980 долари.