Новинарот на ФОКУС јавно прозборе за скандалот со лажните лични карти (видео)

Сподели со своите пријатели

Новинарот на Фокус Љубиша Арсиќ кој ја објави аферата за 30.000 фалисификувани лични карти, вчеранавечер во емисијата „360“ на каналот АЛСАТ – М зборуваше за тоа како дошол до 105 фалсификувани лични карти и за кредибилитетот на изворот.

Loading...

Според Арсиќ, личните карти биле тројазични, односно англиски, македонски и албански. Освен Македонци и Албанци, на личните карти фигурирале и Роми и Турци. Изворот напоменал дека личните карти немаат метална фолија, а му ги доставил на Арсиќ од причина што тој претходно пишувал на таа тема.

-Секако дека и јас размислував околу кредибилитетот на изворот. Ми се врзуваат најмалку 4 елементи што го прават кредибилен и тоа ќе го споделам со гледачите. Пред се, самото тоа што тој доставува 105 лични карти за тоа што и инспекторите во МВР, констатираа со голо око дека се работи за фалсификат.

Освен новинарот на ФОКУС, во емисијата ”360” беше емитувано и интервју со Оливер Спасовски.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.