Поранешниот новинар на Њујоркер, Џефри Тубин сега е отпуштен од весникот за неодамнешното несоодветно однесување за време на видео повик со колегите.
Оваа вест ја потврди и тој на својот профил на Твитер.
„Ме отпуштија од Њујоркер по 27 години. Јас секогаш ќе го сакам ова списание, ќе ми недостасуваат колегите и со задоволство ќе ги читам нивните текстови”, напишал Тубин.
https://twitter.com/JeffreyToobin/status/1326644658991140866?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1326644658991140866%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fzivot%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2020mm%3D11dd%3D12nav_id%3D1762760
Њујоркер во изјавата наведува дека, по истрагата на видеото, било решено да го отпуштат Тубин.
Да потсетиме, минатиот месец Џефри Тубин беше суспендиран затоа што мастурбирал пред колегите за време на видео состанок.
Тубин, кој исто така е коментатор на Си-Ен-Ен, потоа се извини и рече дека не знаел ни дека е вклучена неговат акамера, како и дека станува збор за „срамна, глупава грешка“.