Нови врнежи од дожд од понеделник кон крајот на денот

Сподели со своите пријатели

Денеска во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. На места ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Минималните температури, како што додаваат од Управата, ќе се движат од 0 до 7 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 14 до 21 степен.

За време на викендот и в понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност.

Нови локални врнежи од дожд ќе има од понеделник кон крајот на денот.

Leave a Reply