Нови вежби на Јужна Кореја и САД

Сподели со своите пријатели

Сеул и Вашингтон денеска започнуваат нови заеднички поморски вежби со учество на американски носач на авиони, објави војската на Јужна Кореја, еден ден откако ги подигна своите авиони како одговор на обучувањето на севернокорејските авиони во борбена формација.

Loading...

Поморски вежби ќе се одржат во водите на источниот брег на Јужна Кореја од 7 до 8 октомври, соопшти Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, пренесува Ројтерс.

Тие се задржани откако Северна Кореја лансираше пар балистички ракети во морето во четвртокот, а подоцна спроведе вежба со воени авиони во борбена формација во близина на границата со Јужна Кореја.

„Ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите оперативни способности и подготвеност да одговориме на какви било провокации од Северна Кореја преку заеднички вежби во кои учествуваат американската ударна група и носачот на авиони УСС Роналд Реган“, соопштија од Генералштабот на Јужна Кореја.

Американската ударна група веќе оваа недела учествуваше во трилатерални вежби за противракетна одбрана со воени бродови од Јапонија и Јужна Кореја, како одговор на севернокорејскиот тест во вторникот кој лансираше балистичка ракета која прелета дел од јапонската територија, наведува британската агенција.

Високи одбранбени функционери од Јапонија, Јужна Кореја и САД денеска одржаа телефонски разговор во кој ги осудија лансирањето на Северна Кореја и се согласија дека трилатералните поморски вежби ја зајакнуваат способноста на сојузниците да одговорат на Пјонгјанг, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Јужна Кореја.