Нови убиства на Западниот Брег, тројца мртви

Сподели со своите пријатели

Израелските сили убија тројца вооружени Палестинци во градот Џаба на Западниот Брег, соопшти денеска израелската армија.

Loading...

Палестинци се убиени во Џаба, во близина на Џенин, за време на синоќешната операција на армијата, граничната полиција и Шин Бет, пишува израелскиот весник Jerusalem Post.

Според соопштението на армијата, тие пукале кон израелските безбедносни сили кои дејствуваат во областа и возвратиле на осомничените кои биле во возилото.

За време на оваа операција нема израелски жртви.

Граничната полиција соопшти дека палестинските вооружени лица, кои се идентификувани како милитанти на Исламскиот џихад, планирале терористички напади врз Израелците и биле цел на апсење пред да отворат оган врз силите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сирија: Над 30 мртви и речиси 100 ранети во вооружени судири

Израелските сили утринава беа засилени во областа Џаба, по немирите што избија како одговор на овие убиства, според „Џерусалим пост“.