Нови правила за влез во Австрија

Сподели со своите пријатели

Од вторник, Австрија ги олеснува условите за влез по два месеци ограничувања поради Ковид-19, а секој што бил вакциниран и ја преживеал болеста и оние со негативен тест за вирусот САРС-Ков-2 ќе можат да влезат земјата.

Loading...

Во последните два месеци во Австрија можеа да влезат само вакцинирани, но важно е туристичката индустрија да прими што повеќе гости во остатокот од зимската сезона, не само од Германија.

Од 5 март, речиси сите ограничувања во Австрија се укинати, освен за носење маски FFP2 на некои јавни места.

Исклучок е Виена, која засега делумно ги задржува мерките против коронавирусот во некои сектори, како што е гастрономијата.

Седумдневната инциденца од околу 2.200 случаи на 100.000 жители опаѓа, а состојбата во болниците, особено на интензивната нега, е стабилна.