Нови ограничувања з аневакцинираните во Чешка и Словачка

Сподели со своите пријатели

Чешка и Словачка од денеска им забранија на невакцинираните лица да ги посетуваат пабовите и другите услужни активности, откако беа пополнети одделенијата за интензивна нега во болниците поради зголемениот број заболени од Ковид-19.

Loading...

Чешката влада испрати војници да им помогнат на преполните болници, во кои заедно има повеќе од 700 луѓе на одделенијата за интензивна нега, а подоцна денеска тие треба да разговараат за повикот за вонредна состојба, пренесува Ројтерс.

Новите мерки ќе им дозволат само на оние кои биле вакцинирани или закрепнале од Ковид-19 во последните шест месеци да посетуваат ресторани, хотели или јавни настани како што се спортски натпревари.

Од здравствениот сектор, пак, тврдат дека акцијата е премала и дека сега доцнат.

– Како Лекарска комора повикуваме итно да се воведат мерки кои станаа познати како карантин. Апелираме на брзо воведување задолжителна вакцинација на здравствените работници, социјалните работници и истото го препорачуваме и за образовниот сектор – изјави шефот на комората Милан Кубек за една чешка телевизија.

Сепак, премиерот во заминување Андреј Бабиш рече дека земјата нема да го следи примерот на Австрија, која повторно воведе целосна блокада.

За подоцна денеска се планирани демонстрации против каква било форма на затворање пред Прашкиот замок.