Нови надзорни и управни одбори во кумановските институции, СДСМ и ДУИ ја напуштија седницата

Сподели со своите пријатели

Мнозинството од членовите на Советот на Општина Куманово денеска излгасаа нови членови на надзорни и управни одбори на јавните претпријатија и установи, но СДСМ и ДУИ ја напуштија седницата.

Loading...

Како што претходно рече Александар Јовановски од СДСМ, не биле известени за имињата на членовите се до почетокот на седницата.

– Постојано од утринава ги бараме предлозите од имињата и материјалите да видиме за кои луѓе се работи меѓутоа досега не добивме и еве сега координаторот на вашата советничка група ги чита. Пративте мејл пред половина час, баравте пауза не кажавте колку, со овие инструменти не е убаво да се препукуваме, не практикувате демократија туку доминација, предлозите ќе поминат имате мнозинство, но ова е незапаметено, рече Јовановски.

На тоа Дарко Митевски, координаторот на советничката група на „За наше Куманово“ рече дека претходно била одржана координација на која претставник на СДСМ не присуствувал и истата била одложена за утринава, кога исто така никој од партијата не дошол.

СДСМ побара пауза, а претседателката Ивана Ѓорѓиевска го одби барањето со образложение дека веќе искористиле получасовна пауза. Потоа со своите коалициски партнери од ДУИ ја напуштија седницата додека се гласаа новите надзорни и управни одбори.

 

 

Loading...

Во продолжение на овој текст ви ги пренесуваме составите на одборите.

Управни одбори:

ЈП „Водовод“

Цветанка Ивановска со шумарски факултет, Јасмина Петрушевска со завршена педагошка академија и Природно – математички факултет, Гордана Атанасовска со економско-општествени науки и бизнис логистика, Душица Стаменковска со историја со археологија, Зоран Саздовск дипломирн психолог и магистар на човечки ресурси, Марко Тренчевски со завршен Факултет за компјутерски науки, Даниела Станковска со педагошки факултет, Софија Милошевска со факултет за правни науки, Бурхан Алити дипломиран правник.

ЈП „Пазаришта“

Ирена Марковска Димитриевска со завршен правен факултет, Ивица Андоновски дипломиран економист и Фатмир Ебиби дипломиран историчар.

ЈП „Чистота и зеленило“

Габриела Јовановска дипломиран економист, Љубомир Јовановиќ дипломиран машински инжинер, Славица Стојановиќ со педагошки факултет, Весна Темелковска шумарски факултет, Александар Димитриевски со правен факултет, Воислав Јановиќ со филозовски факутет, Азис Куртиши дипломиран педагог.

Loading...

ЈП „Куманово гас“

Даниел Денчиќ со педагошки факултет, Сашо Антиќ дипломиран инжинер за електротехника, Зија Бајрами со електротехнички факултет, Бобан Ајдарски машински инжинер, Авдуш Јанузи дипломиран педагог.

ЈП „Куманово паркинг“

Филип Илиевски дипломиран економист, Бојана Младеновска дипломиран логопед, Ваљбоне Асани со педагошки факултет, Бобан Серафимовски дипломиран инжинер и Авни Мифтари со правен факултет.

ЈП „Куманово план“

Ана Петрушевска со педагошки факултет, Елена Славковска дипломиран професор по англиски јазик, Сузана Максимовска со филолошки факултет и Слаѓана Илиева доктор по медицина и Скендер Османи со факултет за градежништво и архитектура.

 

Loading...

 

Надзорен одбор за контрола на материјално и финансиско работење

ЈП „Водовод“

Горан Томовски дипломиран професор по спрот и спортски активности, Владислава Крстиќ Станисављевиќ со медицински факултет, Срѓан Милевски дипломиран машински инжинер, Слаѓан Михајловски дипломиран економист, Џемаљедин Неџипи со економски факултет

ЈП „Пазаришта“

Гордица Петковска со педагошки факултет, Тони Манасиевски со електротехнички факултет, Мирослав Димевски со педагошки факултет, Јасмина Ристовска економист, Арбана Ислами Аземи со педагошки факултет.

Loading...

ЈП „Чистота и зеленило“

Розита Ѓорѓевиќ сп филозовски факултет, Ивана Маринковска правник, Наташа Јакимовска дипломиран економист, Милан Давидовиќ со еконимски факултет, Реџеп Реџепи со педагошки факултет.

ЈП „Куманово гас“

Маја Андоновска Додевска со завршена криминалистика, Елизабета Станковска со завршен факултет за македнско-јужнословенска книжевност, Драгана Ангеловска Богдански италијански јазик и книжевност, Марина Тасевска факултет за земјоделсски науки и Ардеин Јашари магистар по музички науки.

ЈП „Куманово паркинг“

Loading...

Далибор Јаневски со бизнис администрација, Александра Стаменковска дипломиран педагог, Суат Ибиши магистар по хемија, Ивица Стојмановски дипломиран економист, Сенат Ферати инжинер по кожна технологија.

ЈП „Куманово план“

Синиша Филиповски дипломиран професор по физичко, Слаѓана Поповиќ Станковска факултет за медицина, Сталинка Јовановиќ дипломирн економист, Магдалена Митровиќ со педагошки факултет и Хамид Алитовиќ дипломиран правник.

 

Loading...

 

Управен одбор на Детска градинка „Ангел Шајче“

Од општина Куманово Владимир Павловски, Фросина Стојанвоска и Ивана Лазаревска,  а од претставник на установата Лила Божиновска и од реодители Драгана Јосимовска и Буњамин Муслиу, од Минисерството за труд и социјална политика се именува Иван Атанасовски.

Надзорен одбор на Детска градинка „Ангел Шајче“

Андријана Петковска, Марија Спасовска, Александар Милановски и Шенаси Џељадин, заедно со Дејан Цветковски.

Управен одбор на Библиотека „Тане Георгиевски“

Loading...

Јелена Мишиќ, Александар Стојановски и Фидан Алили од установата, а од вработени Зорица Петковска и Маја Гелевска Милановска.

Надзорен одбор на Детска градинка „Ангел Шајче“

Ирена Анастасовска, Лилјана Димовска, Сања Димитријевиќ, Кети Димковска и Мируше Дислими Дестани.

Управен одбор во Дом за стари лица „Зафир Сајто“

Од општина Куманово Маја Герасимовска Илиевски и Кети Михајловска, од стручни работници Весна Коцевска и Ивана Гиновска, а од корисници и нивни старатели Стојан Трајчев.

Loading...

Надзорен одбор во Дом за стари лица „Зафир Сајто“

Дарко Петковски, Тихомир Алексовски и Газменд Исаку

Управен одбор на Ученички дом „Професор Мијалковиќ“

Сара Андреевска, Сашо Стошевски и Арсим Хасани.

Никола Ивановски