Нови монтажни засолништа за мигрантите на ГП „Табановце“

Сподели со своите пријатели

Експерти од УНХЦР денес на ГП Табановце го обучија персоналот на Црвен крст како да ги монтираат модулите за засолнување на бегалците.
Проектот за поставување шест монтажни засолништа за мигрантите на ГП Табановце започна денес, со што до понеделник, на преминот ќе бидат монтирани шест засолништа.
11850867_10207784520878023_1459585436_n
До понеделник и десет тоалети, од кои пет машки и пет женски, ќе бидат поставени на ГП „Табановце Железница“, откако се јави ургентна потреба да се излезе во пресрет на бранот мигранти кои се задржуваат на преминот во обид да ја преминат границата со Србија, соопшти денес Иле Митковски, секретар на ОО на Црвен Крст Куманово.
11853884_10207784520238007_247554719_n

Во меѓувреме, грижа за мигрантите преземаат и граѓански активисти и НВО – а, кои во текот на 24 часа делат храна, вода и облека на бранот мигранти кои претежно доаѓаат од Сирија, но и Авганистан, Камерун, и Палестина.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.