Како што јавува Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, екипите на ТППЕ Куманово бележат четири интервенции во различни делови од градот и околината на Куманово.
Loading...
Пожарникарите интервенираа при пожари предизвикани од запалена сува трева во околината на локалитетот Менкова колиба, во близина на Филтер станицата, како и на ул. Доне Божинов.
Во текот на вчерашниот ден, ТППЕ Куманово делуваше и во атарот на с. Матејчем каде во 15,30 часот е пријавена опожарена нискостеблеста шума.
Пожарот бил локализиран во 18,00 часот без информации за опожарената површина.