Нови 1600 бегалци транзитираа низ Македонија во последните 24 часа

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во последното деноноќие, на ПТЦ Гевгелија се издадени вкупно 1.600 потврди на странски државјани, од кои 929 на државјани од Сирија, отоа 432 на државјани од Авганистан и 239 на државјани од Ирак.

Во изминатите 24 часа, до Секторот за азил не се поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од први заклучно со 13 јануари,  издадени се потврди на вкупно 24.118 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-10.841, Авганистан-8.678 и Ирак-4.596.

 

Loading...