Новата учебна година ќе започне онлајн, освен за најмалите

Сподели со своите пријатели

Новата учебна година да започне преку средства за електронска комуникација, но со два исклучоци, ученици од прво до трето одделние настава ќе следат со физичко присуство, имајќи го предвид нивниот социјален и емоционален развој, но и тука е неопходна согласноста од родителите и ќе се испочитуваат протоколите, подготвени од МОН, а газгледани од КЗБ.

Loading...

По барање на општините, односно основачите, во училишта каде има мал број паралелки и ученици во согласност со епидемиолошката состојба и нивно барање од општините ќе им се дава согласност, ќе се разгледа нивното барање првин во рамки на МОН И МЗ и потоа на ниво на Влада ќе се одлучи за реализирање ан настава со физичко присуство и тука неопходна е согласност на родителите.

 

Новата учебна година од 1ви септември ќе започне преку средствата за електронска комуникација, најави денеска на прес конференција министерот за образование Арбер Адеми.

Сепак ќе постојат два исклучоци од оваа правило.

– Ученици од прво до трето одделние настава ќе следат со физичко присуство, имајќи го предвид нивниот социјален и емоционален развој, но и тука е неопходна согласноста од родителите и ќе се испочитуваат протоколите, подготвени од Министерството за образование, а разгледани од Комисијата за заразни болести, изјави минситерот Адеми.

Настава со физичко присуство ќе може да се организира и во училишта со мал број паралелки и ученици, но тоа првин ќе треба да го побараат општините, кои се основачи на училиштата.

– По барање на општините, односно основачите, во училишта каде има мал број паралелки и ученици во согласност со епидемиолошката состојба и нивно барање од општините ќе им се дава согласност, ќе се разгледа нивното барање првин во рамки на МОН И Министерството за здравство и потоа на ниво на Влада ќе се одлучи за реализирање на настава со физичко присуство и тука неопходна е согласност на родителите, изјави Адеми.

Loading...

Протоколот за образование денеска е поминат и на владина седница и истиот ќе биде објавен целосно во текот на денот.

Никола Ивановски

Leave a Reply