Нова застрашувачка дрога која го убедува мозокот да умира (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Психоактивната дрога диметилтриптамин (ДМТ) делува на мозокот на сличен начин како искуство на блиска смрт, покажува едно ново истражување.

Овој силен халуциноген наоѓа широк примена во обредите во Јужна Америка како состојка за напиток, познат како „ајаваска“.

Искуството на блиската смрт е психолошки ефект кој го искусиле многумина во моментот кога мислеле дека ќе умрат, а опфаќа доживувања како што се напуштање на сопственото тело, преминување во друг свет и искуство на внатрешен мир.

Опасна дрога сее смрт кај тинејџерите во Србија

Loading...

Со оглед дека слични искуства опушуваат и уживателите на ДМТ, научниците од Кралскиот колеџ во Лондон добиле желба да испитаат колку навистина е блиска врската помеѓу тие две искуства.

Во два наврати во група од 13 здрави доброволци вбризгувале дрога или плацебо во вените.

 

 

Потоа нивните реакции на дрогата ги споредиле со искуства на 67 лица кои доживеале искуство на блиска смрт и го опишале во стандарден прашалник.

Сличностите во одговорите на оние кои земале ДМТ и оние кои доживеале искуство на блиска смрт потврдиле дека дрогата ги имитира ефектите на тоа искуство.

Според зборовите на научниците, студијата наведува на заклучок дека ефектите од користењето на ДМТ и искуствата на блиска смрт имаат иста невролошка основа.

НАРКОТИК ВО СЛУЖБА НА МЕДИЦИНАТА: Со дрога лекуваат трауми од војна

– ДМТ е исклучително средство благодарение на кое можеме да ги проучуваме и подобро да ги разбереме пихологијата и биологијата на умирањето, вели др. Робит Кархарт Харис, шеф на научниот тим на Кралскиот колеџ.

Меѓутоа, научниците, предупредуваат дека постојат суптилни разлики помеѓу двете искуства: корисниците на диметилтриптамин почесто опишуваат „влегување во некоја друга реалност“, додека оние кои искусиле блиска смрт обично споменуваат „доаѓање до точка без враќање“.

Leave a Reply