Нова убедлива победа за ЖРК Куманово: Падна и Шампион

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово впишаа победа и во третото коло од домашниот шампионат, за три од три од почетокот на првенството.

Loading...

Викендов на домашен терен, но во улога на гостинска екипа, кумановки остварија убедлива победа против тимот на ЖРК Шампион од Скопје со резултат 34:9.

Убедлив резултат кумановки имаа уште во првото полувреме кога на пауза се замина со 17:5 и веќе се знаеше дека натпреварот е добиен.

Во вториот дел од средбата кумановки рутински го одиграа натпреварот, а ЖРК Шампион едвај успеа да впише само уште четири погодоци.

Со девет голови најдобра игра во Куманово прикажа Еленин Адела, а дури 11 одбрани имаше голманката Марија Јовановска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Со ова победа ЖРК Куманово е на првото место од табелата со три победи од исто толку одиграни натпревари.

Следниот меч за кумановки е на домашен терен против составот на ЖРК Деспина.