Нова технологија создава чиста вода за пиење од обичен воздух (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шпанската компанија Акваер разви систем кој од воздухот вади вода за пиење, со намера да ја користи во региони и земји каде што има проблем со снабдувањето со вода, особено во Намибија.

Loading...

„Нашата цел е да им помогнеме на луѓето, да стигнат до места како бегалски кампови, кои немаат вода за пиење“, рече Енрике Вега (82), кој ја дизајнираше својата машина за време на големата суша во јужна Шпанија во 1990 -тите, пренесе Ројтерс.

Апаратите направени во неговата компанија Акваер веќе прават чиста, безбедна за пиење вода за заедниците во Намибија и за либански бегалски камп.

– Во селата каде што останавме во Намибија, луѓето беа запрепастени, не разбраа од каде дојде водата – објасни Вега.

Овие машини користат електрична енергија за да го разладат воздухот додека не се кондензира во вода, користејќи го истиот метод што се случува при кондензирање во климатизерите.

Додека другите генератори на вода, кои се базирани на слична технологија, бараат висока влажност и ниски температури за да бидат ефикасни, машината Вегина работи на температура до 40 степени и може да издржи влажност од само 10 до 15 проценти.

Оваа мала машина може да произведе помеѓу 50 и 75 литри вода дневно, може да се носи во инвалидска количка. Поголемите такви машини можат да произведат до 5.000 литри дневно.

 

Loading...

Leave a Reply