Нова студија: Ова е најголемата закана за планетата во следните две години

Сподели со своите пријатели

Кризата на високите животни трошоци како резултат на инфлацијата предизвикана од војната во Украина и повторното отворање на економијата по пандемијата на Ковид е најголемата закана за планетата во следните две години, се вели во студијата подготвена за Светскиот економски форум.

Loading...

Оваа закана, која создава силни тензии во бројни региони во светот, турка милиони луѓе во голема сиромаштија и поттикнува социјални тензии, е поголема закана од природните катастрофи и екстремните климатски настани, кои се класифицирани како најголем долгорочен ризик.

„Конфликтите и геоекономските тензии предизвикаа низа планетарни закани кои се длабоко меѓусебно поврзани“, се вели во соопштението за печатот што го придружуваше објавувањето на извештајот за заканите за планетата за 2023 година во средата.

Во истражувањето подготвено за Светскиот економски форум (СЕФ), кој секоја година се одржува во швајцарскиот зимски центар Давос, учествуваа 1.200 експерти и лидери кои носат важни одлуки за планетата.

„Глобалната пандемија и војната во Европа ја доведоа до израз енергетската криза, инфлацијата, прехранбената и безбедносната криза“, се наведува во соопштението.

Други големи закани се „поларизација на општествата со дезинформации и неточни информации“ и „геоекономски војни“.

Ризиците наведени од авторите на студијата вклучуваат „притисоци врз резервите на енергија и храна, кои се очекува да траат во следните две години“.

Трошоците за живот и трошоците за задолжување силно растат, бидејќи цените на енергијата и каматните стапки вртоглаво растат, се наведува.

Loading...

Ваквиот развој на настаните „штети на борбата против другите долгорочни закани, пред се против климатските промени“ и колапсот на биолошката разновидност, според СЕФ.

„Доколку светот не започне ефикасно да соработува за ублажување и прилагодување на климатските промени во следните десет години, ќе следи глобалното затоплување и уништување на животната средина“, се нагласува во текстот.

Покрај тоа, кризите што произлегуваат од геополитичките ривалства на различни земји „се закануваат да создадат невидена социјална катастрофа бидејќи инвестициите во здравството, образованието и економскиот развој исчезнуваат, а тоа дополнително ја уништува социјалната кохезија“.

Друга катастрофална последица на ривалствата е повторното вооружување и милитаризацијата, особено преку новите технологии и малигните актери во светот“, се заклучува во извештајот.

На прес-конференција во Лондон, еден од шефовите на WEF, Саадија Захиди, истакна дека експертите и светските лидери кои учествувале во истражувањето проценуваат дека традиционалните конфликти станале помалку закана во споредба со геоекономските војни (како на пр. санкции, тарифи… ) или со информациски војни.

„Природата на конфликтот се менува“, рече Захиди.

„Но, тоа не значи дека не треба да се грижиме, бидејќи за прв пат по долго време се зголемуваат трошоците за вооружување. Овој раст сега е мал, но е присутен кај големите економски сили“, предупреди таа.

Извештајот е објавен пет дена пред почетокот на големиот годишен собир на економисти, научници и политичари во Давос од 16 до 20 јануари.

Loading...

Текстот повикува на брза заедничка акција во светот бидејќи „прозорецот за акција брзо се стеснува“.

Партнери во подготовката на извештајот се Марш Мекланан за осигурување и консултантски услуги за управување со ризик и осигурителната компанија Zurich Insurance Group.