Нова регулатива: Kрај на лошите батерии на мобилните телефони, се воведуваат нови ознаки

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент донесе уредба, со кој се предвидува на батериите да се пишува за нивното времетраење, а производителите во иднина да произведуваат мобилни телефони со кои батеријата лесно може да се замени.

Loading...

Документот е наречен „Уредба за батерии“, а е донесен по поплаки на потрошувачите поради фактот што траењето на батеријата трае пократко по ажурирањето на телефонот.

 

 

Регулативата за батерии ги обврзува производителите да произведуваат телефони во кои батериите може лесно да се заменат, без разлика дали од корисникот или од сервисот.

Се посочува дека Регулативата за батерии треба да стапи на сила најдоцна до 2024 година, до кога производителите ќе имаат време да се прилагодат на новите правила.