Последната „чучната поза“ на Инстаграм исто така бара малку напор. Но, како и да ја свртите фотографијата, таа ќе излезе добро. Ова е исто така една од причините зошто стана популарна толку брзо.
Дуа Липа и Пикси Лот се само две од многуте познати личности кои неодамна ја испробаа новата секси „чучната поза“.
View this post on Instagram
Додека пејачката Дуа Липа позираше пред огледалото и го покажа грбот во секси розов фустан со деколте, Пикси ја потенцираше и торбата додека позираше импресивно во чизми до колена до потпетица.
View this post on Instagram
И тие не се единствените кои ја испробаа оваа поза. Кајли Џенер, Зара Мекдермот и Емили Ратајковски исто така објавија фотографија во оваа поза.
Не е важно дали ќе се свртите кон камерата, странично или позади, сè ќе изгледа добро.
View this post on Instagram
Ако се свртите директно кон фотоапаратот, позата ќе ви помогне нозете да изгледаат подолги и потенки, а ако свртите странично, задникот ќе изгледа поголем.
View this post on Instagram
Но, ако барате максимален ефект, обидете се да фотографирате од задната страна, бидејќи тоа ќе создаде илузија дека вашата половина е помала, а задникот поголем.
„Ова е вистинската поза за суперхероите“, рече експертот за говор на тело, Траси Браун, додавајќи дека позата е исто така супер ласкава.
View this post on Instagram
– Нагласува колку се долги нозете на жената, што е многу секси – заклучила таа, и пишува The Sun.