Нов земјотрес во Јадранското Море

Сподели со своите пријатели

По земјотресот утринава во Јадранското Море кај италијанскиот град Римини, нов потрес се случи околу 13 часот и 10 минути.

Loading...

Земјотрес со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала го потресе Јадранското Море, со епицентар во морето, 52 километри источно од градот Римини – речиси на истото место како и земјотресот во 7 часот наутро.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2 километри.

Утрово околу 7 часот имаше земјотрес со јачина од 5,7 степени. Епицентарот бил во Јадранското Море, недалеку од италијанскиот град Римини. Нови потреси се забележани и во морето.