Нов земјотрес со јачина од 5 степени го стресе Охрид

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 3.7.2017 год., регистрира силен земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 10км  источно од Охрид. Земјотресот се случи во 13 часот и 18 минути и беше со Рихтерова магнитуда 5,0. 

Според досегашните податоци земјотресот е почувствувн во епицентралното подрачје со интензитет од VII-VIII степени според Европската Макросеизмичка Скала.  Со помали интензитети, земјотресот е почувствуван на цела територија на Република Македнија и околните земји.

Податоци за материјлни штети се уште не се пријавени во сеизмолошката опсерваторија.

Два земјотреси малку послаби беа регистрирани и изутринава, а за десет дена во охридското подрачје се регистрирани над 800 потреси.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.