Нов земјотрес регистриран во Македонија

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес во 12 часот и 23 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 100 km југозападно од Скопје и припаѓа на епицентралното подрачје Дебар.

Loading...

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.6, а беше почувствуван од населението во западните делови од нашата Република со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.