Нов Зеланд воведе санкции за 14 поединци и седум руски компании

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд воведе санкции против 14 руски физички лица и против седум воени субјекти и медиуми, соопшти денеска на прес-конференција министерката за надворешни работи Нанаја Махута.

Loading...

Според неа, лицата на црната листа се „менаџери и акционери на компании кои дизајнираат и произведуваат проектили и огнено оружје“, како и членови на паравоени групи поврзани со приватната воена компанија „Вагнер“, пренесува Тасс.

На црната листа е и агенцијата News Front со седиште на Крим.

На сите санкционирани лица ќе им се забрани влез во Нов Зеланд и ќе им биде замрзнат имотот.

Рускиот претседател Владимир Путин започна специјална воена операција во Уктраина на 24 февруари на барање на локалните лидери во регионот на Донбас.

Како одговор на тоа, Западот воведе обемни санкции кон Русија, а освен тоа, западните земји почнаа да го снабдуваат Киев со оружје и воена опрема, чија вкупна вредност во моментов се проценува на неколку милијарди долари, наведува Тас.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.