Нов Зеланд останува затворен за странци до крајот на април

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд денеска објави дека границите на земјата ќе останат затворени за странци до крајот на април, додека властите во Велингтон усвојуваат нова стратегија за борба против корона вирусот.

Loading...

Министерот за одговор на коронав вирусот, Крис Хипкинс, рече дека Новозеланѓаните во Австралија ќе можат да се вратат во земјата од средината на јануари, додека оние што се блокирани во другите делови на светот ќе чекаат до февруари.

Според планот за постепено отворање објавен денеска, странците ќе можат да го посетат архипелагот од крајот на април.

„Крајот на патните ограничувања е на повидок“, изјави Хипкинс за новинарите.

Нов Зеланд ги затвори своите граници во март 2020 година. Сите што доаѓаа од странство мораа да го почитуваат двонеделниот карантин во хотелот. Овој период неодамна е намален на седум дена.

Премиерката Џасинда Ардерн во понеделникот рече дека од 2 декември Нов Зеланд ќе започне со примена на нови методи за борба против Ковид-19, обидувајќи се да го потисне делта сојот на вирусот наместо целосно да го елиминира.

Корона вирусот уби 40 луѓе во Нов Зеланд, кој има пет милиони жители. Јавниот притисок се засили да се стави крај на карантинот воведен во Окленд во август, кога беше откриен видот делта.

Властите објавија оваа недела дека карантинот повеќе нема да биде во сила во Окленд на почетокот на декември.

Loading...