Нов Зеланд: Циклонот Габриела го пустоши северот на земјата

Сподели со своите пријатели

Циклонот Габриела, кој го погоди северниот дел на Нов Зеланд, ги принуди луѓето во погодените области да пливаат од поплавените домови во потрага по спас од поплавите.

Loading...

Владата на Нов Зеланд денеска прогласи вонредна состојба во целата земја, што се случи само трет пат во историјата на Нов Зеланд, јавува Би-Би-Си.

Премиерот на Нов Зеланд Крис Хипкинс изјави дека моменталната катастрофа во оваа земја, која е резултат на неповолните временски услови, е најголема во овој век.

„Интензитетот на катастрофата и обемот на штетата е нешто што оваа генерација не го видела“, рече Хипкинс.

Официјални лица соопштија дека најмалку 225.000 луѓе денеска останаа без струја.

Граѓаните во областа Хоки Беј беа принудени да пливаат низ прозорците на своите домови за да се спасат од поплавата.

Во Нов Зеланд живеат 5,1 милиони луѓе, а една третина од населението беше погодена од ефектите на циклонот Габриел.

Метсервис, метеоролошката служба на Нов Зеланд, предвидува дека времето ќе се смири во наредните денови, но истовремено предупредува на силен ветер кој може да предизвика штети.

Loading...