Нов Зеланд 11ти потписник на вселенската спогодба со НАСА

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд денес објави дека потпишал вселенски договор со НАСА, во време кога вселенската индустрија на Нов Зеланд започнува да зема замав, пренесува Танјуг.

Loading...

Нов Зеланд стана 11-ти потписник на Артемискиот договор, план за вселенска соработка што ги поддржува плановите на американската вселенска агенција да ги врати луѓето на Месечината до 2024 година и да започне историска човечка мисија на Марс, објави АП.

Министерката за надворешни работи Нанаја Махута рече дека Нов Зеланд е една од само неколку земји што се во можност да лансираат ракети во вселената.

„Нов Зеланд е посветен на осигурување дека следната фаза на истражување на вселената ќе се спроведе на безбеден, одржлив и транспарентен начин и во целосна согласност со меѓународното право“, рече Махута.

Земјата соопшти дека е особено заинтересирана да обезбеди минерали земени од Месечината или на друго место во вселената да се користат на одржлив начин.

Вселенската индустрија на Нов Зеланд се проценува дека вреди 1,7 милијарди новозеландски долари (1,2 милијарди американски долари).

Leave a Reply