Нов Зеланд: 11 загинати и шетата од осум милијарди долари по бурата Габриел

Сподели со своите пријатели

Бурата Габриел во Нов Зеланд уби најмалку 11 лица, околу 2.200 лица се водат како исчезнати, а властите денеска предупредија дека штетата од циклонот може да надмине осум милијарди долари и најавија итни средства за хуманитарни акции.

Loading...

Новозеландскиот премиер Крис Хипкинс на прес-конференција објави пакет итна помош од 187 милиони долари и ја продолжи вонредната состојба за седум дена.

Министерот за финансии Грант Робертсон претходно денеска изјави дека вкупните трошоци за владата би можеле да бидат блиску до 8,42 милијарди долари потрошени за обнова на Крајстчерч по разорниот земјотрес во 2011 година.

Робертсон е назначен за министер за закрепнување од циклон.

Привремениот пакет помош обезбедува решенија за критичните проблеми на патиштата за бизнисите и примарното производство, а се очекуваат и повеќе средства за реконструкција, објави Ројтерс.

Циклонот го погоди најсеверниот регион на Северниот остров на 12 февруари и предизвика голема штета, а Хипкинс ја нарече бурата Габриел најлошата природна катастрофа во Нов Зеланд овој век.

Нов Зеланд инсталираше 60 сателити „Старлинк“ за да ги пополни празнините во телекомуникациската мрежа, бидејќи околу 15.000 луѓе на Северниот остров останаа без струја, пренесува Танјуг.