Нов закон: Ако одбиете да дувате во алкотест ви следува глоба од 500 евра

Сподели со своите пријатели

Нема веќе инаетење со полицијата. Со новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, сега веќе нема да ве водат на вадење крв доколку одбиете да дувате во дрегер, туку полицискиот службеник веднаш може да ви напише 500 евра казна, еднаква на највисоката казна за возење под дејство на алкохол.

Loading...

Законот за безбедност на сообраќајот на патот децидно стои дека полицијата ќе смета дека е под дејство на алкохол секој возач за кој со дување преку дрегер-апарат за мерење на алкохолизираност или пак анализа на крвта или на урината или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг.

Меѓутоа од полицијата потенцираат дека алкохол во крвта воопшто не смее да има возачот почетник и возачот на моторно возило од категориите “Б+Е”, “Ц”, “Ц+Е” и “Д” и “Д+Е” или од поткатегориите “Ц1″, “Ц1+Е”, “Д1″ и “Д1+Е” додека управува со возило од таа категорија, потоа возачот на возило со кое се врши јавен превоз – додека со тоа возило врши јавен превоз, возачот-инструктор и кандидатот за возач и тоа за време на оспособување во практичното управување со возило и претседателот и членовите на испитната комисија – додека спроведуваат практичен дел на возачкиот испит.

Доколку се утврди дека содржината на алкохолот во вашиот организам е од 0,51г/кг до 0,99 г/кг тогаш ќе ви биде изречена парична казна од 250 евра во денарска противредност, но ќе ви биде изречена и прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило од 3 до 6 месеци.

Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 1,00 г/кг до 1,49 г/кг. Покрај паричната казна возачот ќе добие и забрана за управување со моторно возило од 6 до 9 месеца.

Глоба во износ од 350 евра ќе му се изрече на возачот кој ќе се утврди содржината на алкохол во крвта од 1,50 г/кг до 1,99 г/кг, а за што ќе добие забрана за возење од 9 до 12 месеци.

Глоба во износ од 400 евра ќе му се изрече на возачот кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2,00 г/кг и повеќе, а ќе добие и забрана од 12 месеци.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.