Нов трошок за Владата: 600 илјади евра за доуредување на Музеј на ВМРО

Сподели со своите пријатели

Владата ќе потроши нови 611.276 евра за доизградба на внатрешното уредување на конференциската сала на Музејот на ВМРО, јавуваат порталите, согласно склучениот договор објавени на Бирото за јавни набавки.

Loading...

Музејот е отворен веќе четири години, а за конференциската сала веќе беа потрошени пари. Директорот на Музејот, Бранислав Светозаревиќ, вели дека салата веќе еднаш била уредена, но сега ќе се врши ново уредување со што ќе стане мултуфункционална.

Договорот е објавен вчера, а Музејот го склучил кон крајот на мај со компанијата „Десигн фантаси ДООЕЛ-Скопје“, која била и единствениот учесник на тендерот.

Музејот на ВМРО со восочни фигури го градеше штипски „Бетон“. Првично беше проценето дека изградбата на овој објект од проектот „Скопје 2014“ ќе чини четири и пол  милиони евра, но досега сумата неколку пати се надмина.

Музејот на ВМРО свечено беше отворен во септември 2011 година. Иако проектот Скопје 2014 требаше да заврши лани, изградбата продолжи и годинава а проектот беше и проширен.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.