Нов сој со мноштво мутации потврден во три држави

Сподели со своите пријатели

Научниците предупредија дека нов вид на коронавирус кој има „исклучително голем број“ мутации може да предизвика нови бранови на болести, заобиколувајќи ги одбрамбените механизми на телото.

Loading...

Геномското секвенционирање потврди само 10 случаи на оваа варијанта на вирусот во три земји, но овој вид предизвика сериозна загриженост кај некои истражувачи, бидејќи бројните мутации можат да му овозможат на вирусот да го заобиколи имунитетот, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Варијантата Б.1.1.529 има 32 мутации во спајк протеинот, дел од вирусот што повеќето вакцини го користат за да го подготват имунолошкиот систем за борба против Ковид.

Мутациите во спајк протеинот може да влијаат на способноста на вирусот да ги инфицира клетките и да се шири, но и да го отежнат имуните клетки да го нападнат патогенот.

Оваа варијанта за прв пат беше забележана во Боцвана, каде што беше потврдена со секвенционирање во три случаи.

Уште шест се потврдени во Јужна Африка, а еден случај во Хонг Конг со патник кој се враќал од Јужна Африка.

Д-р Том Пикок, виролог од Империал колеџ во Лондон, ги објави деталите за новата варијанта, истакнувајќи дека „неверојатно голема количина на мутации во спајк протеинот предизвикува голема загриженост“.

Мира Чанд, директорка на одделот за коронавирус во Британската агенција за здравствена безбедност, рече дека го следи развојот на варијанти на вирусот Сарс-КоВ-2 во соработка со научници од целиот свет.

Loading...

„Бидејќи во природата на вирусите е да мутираат често и случајно, не е невообичаено да се појават мал број случаи кои содржат нови групи на мутации“, рече Чанд, додавајќи дека сите варијанти кои придонесуваат за ширење на вирусот брзо се тестираат.