Од борбени линии во Првата светска војна до поранешните окупирани територии во Колумбија, новиот проект на Гугл ви овозможува да ги посетите воените зони, односно „ничии земји“ ширум светот.
„Ничија земја“, профил кој постои и на Јутјуб, овозможува на заинтересираните да ги „посетат“ воени зони и места на кои тешко дека некогаш ќе зачекорите.
12 локации на кои се случуваат мистериозни, паранормални и вознемирувачки појави (ФОТО)
Сето ова сега е возможно благодарение на локалните заедници во овие региони кои биле отворени за тоа да раскажат како изгледа нивната татковина.
„Портрети на Ничија земја“ се формирани благодарение на соработката на Гугл и Универзитетот Ројан Холовеј и Дарам.
Истражувачите претставуваат низа кратки филмови кои гледачите ги испраќаат на патување низ историски значајни и некогаш спорни територии.
Проектот користи различни техники како тродимензионално моделирање, многу висока резолуција на фотографии, тродимензионални ауидо снимки и виртуелна реалност претставена низ 360 степени видеографија.
Локации кои не можете да ги погледнете преку Google maps (фото)
– Ничија земја не е само реликвија на минатото.приказните кои ние ги документираме прикажуваат предизвици со кои се соочуваме и денес, од насилни конфликти до климатски промени. Проектот им овозможува на сите ширум светот да ги проверат регионите кои останале заклучени зад бодликави жици и мински полиња, рекол еден од лидерите на проектот Ноам Лешем, географ од Универзитетот Дарам.
По патувањето на Кипар, тимот направил тродимензионален модел од напуштениот авион кој е оставен да скапува на меѓународниот аеродром во Никозија.
„Тридент сан“ кој припаѓал на „Кипар ервејз“ приземјен е во демилитаризирана зона по турската инвазија на Кипар во јули 1974 година.
Во длабочините на Амазонија, истражувачите собирале приказни од локалните фармери кои сега се боар со климатските промени, а живеат на теротија каде во период од 1964 до 2017 година траеле борби на колумбиските вооружени групи.
И токму благодарение на новиот проект ќе можете да видите како изгледа некогашната куќа на Моно Јоџоја, некогашниот лидер на бунтовниците.
Ако би сакале да посетите некое од овие места, кои ја обележале Првата светска војна, па до забранетите зони на 21 век, можете тоа да го направите со едно клик ТУКА.
Фото: Printscreen/Youtube/No Man’s Land