Новиот предизвик, чиј хаштаг е #peeyourpantschallenge, или „измочкај се во гаќите“, собра над 3,9 милиони прегледи на апликацијата TikTok, која ја достигна својата популарност за време на карантинот и здодевноста кај луѓето, пренесува Њујорк пост.
Во оригиналното видео објавено на 21 април, 19-годишниот Лиам Вејер стои пред огледало и бесрамно најавува што ќе се случи, а само неколку секунди подоцна мокреше во пантолоните – пред камера.
Над 2 милијарди преземања: Апликација која го освои светот
Иако TikTok го избриша, тој го објави ова видео повторно.
„Навистина сум изненаден што луѓето мократ во пантолоните пред камера и тоа го ставаат на интернет ако им кажете дека е нов предизвик“, рече Лиам, чие видео се здоби со голема популарност и ги пронајде оние кои се согласиле да го сторат тоа пред камерата.
Луѓето денес се навистина подготвени за што било во пет минути слава на интернет и социјалните мрежи, а во коментарите може да се почувствува шокот и неверувањето на гледачите.
„Можеби после ова би можеле да направиме нов предизвик кога луѓето јадат детергент за перење алишта“, рече иронично, еден човек во коментар.
Нè претвори ли коронавирусот во интернет зависници?
Лиам сè уште не може да верува дека неговото видео, создадено како исмејување на разни предизвици на интернет, всушност стана нов предизвик.
Во видеото, погледнете како изгледа предизвикот:
https://www.tiktok.com/@liamw2/video/6818199156088196358?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.vecernji.hr%2Flifestyle%2Fnovi-izazov-na-drustvenim-mrezama-zgrozio-javnost-ljudi-pred-kamerom-mokre-u-hlace-1399965&referer_video_id=6818199156088196358