Нов пад на температурите во четврток со обилен дожд

Сподели со своите пријатели

Само еден литар дожд наврна на територијата на Куманово за разлика од Лазарополе каде во текот на вчерашниот ден беа измерени 19 литри дожд, јавува УХМР.

Loading...

Според УХМР, времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а дожд повторно ќе врне кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 11 до 17 степени.

Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток кога на повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.

Температурата ќе опадне за пет до осум степени во однос на денешната.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.