Според руските медиуми, во средата наутро имало нов напад длабоко на руската територија.
Во Рјазан избувна пожар во реонот на нафтена рафинерија по напад со дрон, објави гувернерот Павел Малков.
Претставник на итната служба потврди за РИА Новости дека четири украински летала ја нападнале рафинеријата и дека два објекти горат.
Oil refinery attacked this morning in Ryazan, Russia. pic.twitter.com/ZwS09Ruu8D
— Pierre Davide Borrelli (@PierreDavideB) March 13, 2024
Ова е втор напад на украински дронови врз голем објект на руската нафтена инфраструктура во еден ден: во вторникот вечерта, по нападот со дронови, избувна пожар на територијата на фабриката во градот Кстово во Нижни Новгородската област.
Рјазан е главен град на регионот Рјазан и е оддалечен 196 километри од Москва.
Украинските сили извршија масовен напад со беспилотни летала ноќта меѓу 12 и 13 март, а руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта и утрото уништиле 58 беспилотни летала, пренесува „Известија“.
Multiple drones have targeted Rosneft oil refinery in Ryazan https://t.co/8zbwUjftkh pic.twitter.com/H3LDyQlwue
— Liveuamap (@Liveuamap) March 13, 2024
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.