Нов напад на Киев и уште неколку градови

Сподели со своите пријатели

Руските сили ја нападнаа енергетската инфраструктура во северниот дел на Киев и предизвикаа неколку експлозии, по што над градот се издигна чад, изјавија украински власти и очевидци.

Loading...

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека е погодена „клучната инфраструктура“ и дека екипите за одговор при итни случаи се на пат кон местото на настанот.

ТАСС јавува дека две серии експлозии одекнале во северниот град Харков со разлика од пет минути.

Градоначалникот Игор Терехов рече дека детонациите се случиле „недалеку од индустриско претпријатие“.

Во експлозиите во Житомир беа оштетени две енергетски постројки, а спасувачите се упатија кон тие објекти. Една експлозија се случи во предградијата на Днепро.

Во моментов е во сила воздушна тревога низ Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.