Нов напад на Киев

Сподели со своите пријатели

Според извештаите на локалните медиуми и регионалните власти, руските сили во текот на ноќта го нападнале подрачјето на главниот град на Украина, Киев.

Loading...

Гувернерот на Киевската област, Олексиј Кулеба, не ја откри точната локација на нападот, но рече дека спасувачите се на местото на настанот.

– Русите ноќе ја тероризираат областа Киев. Спасувачите и сите итните служби се на терен. Елиминацијата на пожарот и последиците од ударот е во тек, напиша Кулеба на Телеграм.

Градската управа на Киев во средата околу полноќ издаде предупредување за воздушен напад, повикувајќи ги жителите да бараат засолниште.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.