Нов моден тренд: Купете си инсект со накит и ставете ја на себе (видео)

Сподели со своите пријатели

Бизарно, болно, шокантно или едноставно нова мода? Во Мексико Сити можете да купите инсекти украсени со синџирчиња и благородни камења.

Loading...

Неопходна е посебна вештина на уметникот кој изработува ваков вид на накит. Тој мора да внимава да не го оштети инсектот додека накитот го става директно на него – тврди Хорхе Варгез, сопственик на оваа работилница во која се продаваат бубачки со накит или накит со бубачки (како ви е поубаво).

Цените на овие инсекти – накити се во суштина многу пристапни и се движат од 14 до 35 американски долари. Додека некои купувачи земаат инсекти чисто од љубопитност, другите ги купуваат за да ги носат како накит.

Трендот од ваков тип се појавил уште во осумдесетите години од минатиот век, но за краток време наишол на осуда од здруженијата за заштита на животните.

Варгез сега повторно ја покренал продажбата и вели дека му оди сосема добро.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.