Нов бран од 4500 регистрирани бегалци за последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во изминатото деноноќие, во бегалскиот прифатен центар во Гевгелија,   издадени се потврди на вкупно 4.501 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на   Сирија – 2.121,  Ирак – 1.642 и Авганистан– 738.

Loading...

Во периодот од 19 јуни заклучно со 6 декември, издадени се потврди на вкупно 313.656 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија – 183.499, потоа Авганистан – 75.505, Ирак – 33.211, Иран – 6.231, Пакистан – 5.416, Палестина – 2.158, Сомалија – 1.276, Бангладеш – 1.253, Мароко – 1.317, Конго – 514,  Алжир – 453, Либан – 434,  Нигерија – 279, додека останатите се во помал број.

Во изминатото деноноќие, до Секторот  за азил  поднесено е едно барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на државјанин на Ирак.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 06.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.