НОРВЕШКА РЕКЛАМА ЗА КОЈА ЗБОРУВА СВЕТОТ: Дали Дедо Мраз ја изневери Баба Мразица? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во четириминутниот филм од Норвешката државна пошта, еден човек му пишува писмо на Дедо Мраз со порака: „Сè што сакам за Божиќ сте вие“. И желбата му се исполни.

Loading...

Рекламата завршува со зборовите: „Во 2022 година Норвешка одбележува 50 години во кои можеме да сакаме било кого“.

„Сакавме да прославиме 50 години од укинувањето на законот за забрана на истополови врски“, изјави директорката за маркетинг на поштата Моника Солберг.

Рекламата е прегледана повеќе од два милиони пати на интернет.

„Бевме изненадени од размерите на реакциите, очекувавме реакција, но не толку.

Рекламата исто така предизвика да се подигнат некои веѓи во Норвешка и соседните земји.

Со пофалбите имаше и критики најмногу поради тоа што Дедо Мраз бил претворен во сексуален објект и затоа што ја „изневерил“ баба Дедо Мраз.

Во многу делови од светот, идејата за геј романса на Божиќ би била контроверзна, но во нордискиот дел од светот, рекламирањето најмногу се сметало како топла божиќна приказна која го одразува позитивниот пристап на Норвешка кон правата на ЛГБТ, пишува Би-Би-Си.

Loading...

До 1972 година, хомосексуалноста во Норвешка било кривично дело, но ставот се променил со текот на времето.

Биле потребни уште 21 година за да се легализираат истополовите бракови.