Норвешка одбележува 10 години од масакарот на Брејвик

Сподели со своите пријатели

Норвешка денес ја одбележува 10-годишнината од еден од најмрачните денови во историјата на земјата и им оддава почит на 77-те лица убиени во дивјачките напади на Андерс Беринг Брејвик во 2011 година.

Loading...

На денешен ден пред 10 години, Брејвик постави бомба во центарот на Осло, убивајќи осум лица.

Неколку часа подоцна, Брејвик изврши ужасно злосторство на островот Утоја, каде беше организиран летен камп, при што беа убиени 69 лица со огнено оружје.

Во август 2012 година, Брејвик беше осуден на 21 година затвор за масовно убиство, предизвикување експлозија и тероризам.

Овој ужасен ден денес ќе го одбележат богослужби и разни настани.

Кралот Хералд ќе зборува на комеморацијата во Осло, а на настанот ќе присуствуваат сегашни и поранешни премиери, лидери на Лабуристичката партија, како и семејства на жртвите.

Leave a Reply