Норвешка и Австралија се најдобри за живеење, а каде е Македонија?

Сподели со своите пријатели

Норвешка е најдобрата земја во светот, а ја следат Австралија и Швајцарија, според листата составена од Програмот за развој на Обединетите нации.

Во самиот врв се наоѓаат и Данска, Холандија, Германија, ирска, САД, Канада и Нов Зеланд, додека најлошо рангираните се Еритреја, Централноафринаската Република и Нигерија.

Кога станува збор за поранешните држави на Југославија, најдобра е Словенија која е на 25-то место. Веднаш потоа на 47 е Хрватска, на 66-то Србија, Македонија е на 81-та позиција и БиХ на 85-та, од вкупно 188 рангирани земји.

Истражувањето покажало дека 830 милиони луѓе и натаму живеат со помалку од два долари дневно, додека повеќе од 200 милиони луѓе, вклучувајќи 74 милиони млади лице се невработени.

Жените во просек заработуваат 24% помалку од мажите и заземаат помалку од четвртината виши работни позиции во светот. Повеќе од 60% од враготените работат без договор, а само 27% од светската вработена популација има соодветна социјална заштита.

Податоците покажуваат дека 55% од вкупниот број на невработени се лица од 20 до 45 години, а скоро половина, околу 47%, спаѓаат во групата долготрајно невработени лица, односно невработени се подолго од година дена.