Ноќта помеѓу недела и понеделник ќе посведочиме ретко помрачување на супер Месечина (видео)

Сподели со своите пријатели

Ноќта помеѓу недела и понеделник, ќе имаме ретка шанса да уживаме во потполното спектакуларно помрачување на супер Месечина како во 1982 година. Исто такво помрачување на супер Месечината нема да видиме до 2033, велат од НАСА.

Loading...

Месечината на својот пат ќе биде во перигеа, односно во точка најблиска до земјата, така да привидно ќе биде поголема за 14 насто. Ќе имаме полна супер Месечина, а во раните утрински часови, Месечината ќе влезе во сенките на Земјата и така ќе поприми крваво црвена боја.

Во полусенка ќе влезе во 2 часот и 11 минути, а потполното помрачување ќе започне во 4 часот и 47 минути, со крај на спектаклот во 6 часот и 27 минути.

Од почетокот на 20 – тиот век до денес, помрачувањето на супер Месечина се случи само пет пати, и тоа 1910., 1928., 1946., 1964. i 1982. Ако ја пропуштите оваа прилика, следната ќе можете да ја дочекате дури во 2033.

Ова ретка прилика ќе биде посебна и за тимот на НАСА. Земјината сенка нема само да ја прекрие Месечинаа туку и нејзиното летало Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO) кое се движи со помош на соларно напојување, па за некое време, леталото ќе остане без извор на енергија.

Фото: Горан Петров