Ноќните клубови и барови најопасни места за ширење на коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Ноќните клубови, пабовите и баровите се најопасните места за ширење на коронавирусот, веруваат експертите.

Според Џонатан Бол, професор по молекуларна биологија на Универзитетот во Нотингем, повеќето луѓе одат на овие места за да се дружат со другите, а тешко е да се одржи физичката дистанца, пренесува британскиот „Телеграф“.

Вирологот Џулијан Танг од Кралската болница во Лестер исто така потсети дека под дејство на алкохол луѓето стануваат порелаксирани и ги забораваат правилата.

Весникот, исто така, цитира пример за „главен извор на инфекција“ од Јужна Кореја.

Еден човек посетил пет барови и ноќни клубови во една вечер. Подоцна кога се тестирал неговиот резултат бил позитивен на ковид-19, по што се покажало дека за време на ноќниот излез тој заразил околу стотина луѓе со коронавирусот. После тоа, градоначалникот на Сеул реши да ги затвори кафулињата и клубовите во градот.

Според Светската здравствена организација, повеќе од 21 милиони луѓе се заразени со вирусот од почетокот на епидемијата, додека повеќе од 761 илјади починале.

Leave a Reply