Ноќеска во Куманово се подметнати пожари на 11 патнички автомобили

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата ноќ, споре првичните информации од командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, на три различни локации во Куманово опожарени се вкупно 11 автомобили.

Loading...

Според информациите од Територијалната противпожарна единица Куманово, синоќа во 23 33 добиена е пријава за опожарени 5 автомобили на улицата Лениниова .

Според началникот Дејан Илиевски било интервенирано со две противпожарни возила и 6 пожарникари. Опожарени биле Опел астра, Форд фиеста , Форд мондео, Рено Меган и Голф 4.

Триесет минути по полноќ,  во територијална противпожарна служба добиле пријава за уште опожарени 4 возила на локација спроти главната пошта во Куманово.

Било интервенирано со едно противпожарно возоло и 5 пожарникари.

Опожарени биле МЕРЦЕДЕС , ШЕВРОЛЕТ, АВЕО ТИКО И ГОЛФ 4 . Последната пријава била за опожарени два автомобили во 00:51 во кругот на кумановската болница.

Територијалната противпожарна единица интервенирале со едно противпожарно возило и 3 пожарникари .

Во моментот на известувањето трае увид на СВР Куманово и фотографирањето на опожарените возила не беше дозволено.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.