Нокаут, Бени Шаќири, Мартинијан, Ивона, Марио и Мартија ќе пеат за Денот на градот

Сподели со своите пријатели

Поп-рок групата „Нокаут“, Бени Шаќири и „Нон стоп“, Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски и Мартија Станојковиќ ќе бидат овогодинешните музчки имиња кои ќе настапат на градскиот плоштад по повод Денот на ослободувањето на Куманово, „11 Ноември“.

Музичкиот хепенинг ќе се одржи на 10 ноември со почеток во 20:30 часот. Цели три часа исполнети со музика и спектакуларен огномен ќе го одбележат Денот на градот.

Во изминатите години за овој празник на градскиот плоштад настапија многу звучни имиња од регионот и балканската сцена, но годинава поради заштеда на финансиски средства новата локална самоуправа одлучила за празникот да настапат домашни музичари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“