Ноер: Кога ќе примите три гола, тогаш натпреварот не може да се нарече добар за голманот

Сподели со своите пријатели

Голманот на Германија, Мануел Нојер смета дека натпреварот од Швајцарија во Лигата на нации (3:3) не само што бил лош, туку и повеќе од тоа.

Loading...

Голманот сепак е уверен дека Германците на крајот можат до првото место во групата.

– Ако натпреварот заврши 3:3, тогаш не може да се нарече добар за голманите на двата тима. Сè започна лошо за нас, но на крајот ја презедовме контролата над играта, значително се подобривме. Денес имаше и нешто добро. Тоа е што освоивме бод, а Украина ја победи Шпанија. Ваквиот исход во 4. коло не остава во игра за првото место во групата, смета Ноер.

Шпанија е прва во групата со седум бода, Украина и Германија имаат по шест, Швајцарија е последна со два бода.

Зоран Стерјовски


Leave a Reply