Ноемвриската награда ќе ја добијат четири физички лица и два правни субјекти (видео)

Сподели со своите пријатели

Четири поединци и два правни субјекти со одлука на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија ќе добијат Ноемвриска награда оваа година.

Loading...

Меѓу нагредените лица е новинарката, писател и публицист Светлана Антиќ Јовчевска, поранешниот боксерски тренер Мирослав Петровиќ, гитаристот и ликовен уметник Томислав Нешковски, кореографот и претседател на денс студиото „Мак“ Мерлин Стојановска, а од институциите библиотеката „Тане Георгиевски“ и КУД „Бајрам Шабани“.

Снежана Захариев, претседател на комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија вели дека сите имаат заслуги од различни области и дека се препознатливи со својата дејност и творење.

Што се однесува до правните лица, тоа се институции кои што со својата долгогодишна активност не само што не изгубиле на квалитет, туку со секоја нивна година од постоење го збогатуваат своето работење и го промовираат нашиот град во и надвор од гарниците на нашата држава“ – изјави Захариева

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 11-ти ноември по повод Денот на градот.