Ноември ќе го започнеме со сончеви денови

Сподели со своите пријатели

Првиот ден од месец ноември ни носи сончево и релативно топло време за овој период од годината.

Loading...

Се очекува сосема мала облачност за западниот дел од државата, а на повисоките места умерен ветер. Утринските температури ќе бидат релативно ниски при што се очекува студено утро, потенцираат од метеопро.мк.

Минималната температура ќе биде од три до два степени под нулата, додека во текот на денот ќе имаме релативно пријатно и сончево време со температурни вредности од 14 до 17 степени целзиусови.

Во регионот на Куманово денеска можеме да очекуваме исто така сончево и тивко време. Утринската температура ќе изнесува -3 степени, додека максималната дневна ќе достигне 13 степени целизусови.

Слично време, со високи дневни температури, а студени утра не очекува и во периодот што следува. Според порталот accuweather.com дождови може да очекуваме од 11-ти ноември, односно за десет дена од денеска.